top of page

Параболата за изгубениот син

ПРИКАЗНИ ЗА НАДЕЖ: ДЕН 1

Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.

ЛУКА 15:11-24 МК2006 (Библија)

11 И рече: „Еден човек имаше два си­на. 12 Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот.

 

13 По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. 14 И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака; 15 па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. 16 И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.

 

17 А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. 18Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, 19 и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘

 

20 Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. 21 И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘

 

22 А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; 23 па доведете едно згоено теле и за­ко­лете го; да јадеме и да се веселиме, 24 зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат.

ПРАШАЊА

ЗА НАС:
  • Зошто синот го напушти својот дом?  

  • Дали имаме сличен став во врска со Бога?

  • Кога и како синот го смени својот став? 

  • Со каков став, ние треба да дојдеме пред Бога?

ЗА БОГ:
  • Каква беше реакцијата на таткото и како ке биде реакцијата на Господ кога ние ќе се покаеме?

  • Кој статус има синот сега?

ШТО СЕГА:
  • Какво значење има ова за мене?

  • Со кого треба ова да го споделам?

bottom of page