SlediGoIsus.mk
Грешницата
ПРИКАЗНИ ЗА НАДЕЖ: ДЕН 2
Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љубов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“ Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“
ЛУКА 7:36-50 MK2006 (Библија)
36 Еден од фарисеите Го покани да јаде со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 37 И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе сад од алабастер со миро; 38 па застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро.
39 А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“
40 Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“
А тој рече: „Кажи, Учителе!“
41 Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. 42 Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?“
43 Симон одговори и Му рече: „Мислам оној, кому повеќе му подарил.“
А Тој му рече: „Право пресуди.“ 44 И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. 45 Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. 46 Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои.
47 Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љубов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“ 48 Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“
49 А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“
50 На жената пак ѝ рече: „Верата твоја те спаси; оди си во мир!“
ПРАШАЊА
ЗА НАС:
-
Како се постави грешницата пред Исус?
-
Која е разликата меѓу неа и фарисејот?
ЗА БОГ:
-
Како реагира Исус на нив двајцата?
-
Како беше спасена жената?
-
Кога сме спасени од Бога, што друго ке примаме?
ШТО СЕГА:
-
Какво значење има ова за мене?
-
Со кого треба ова да го споделам?