top of page

Богатиот човек

ПРИКАЗНИ ЗА НАДЕЖ: ДЕН 4

И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“

ЛУКА 18:18-30 MK2006 (Библија)

18 И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“ 


19 А Исус му рече: „Зошто Ме на­ре­куваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. 20 Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“ 


21 А тој рече: „Сето тоа сум го за­па­зил уште од младоста своја.“ 


22 Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ 


23 А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. 


24 Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат бо­гатство! 25 Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ 


26 Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 


27 А Тој одговори: „Неможното за лу­ѓето е можно за Бога.“ 


28 Петар, пак, рече: „Ете, ние оставив­ме сѐ и тргнавме по Тебе.“ 


29 Тој им рече: „Вистина ви велам де­ка секој што оставил куќа или ро­ди­те­ли, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо, 30 добил многу повеќе од тоа уште се­га, во ова време, а во идниот век – и живот вечен.“

ПРАШАЊА

ЗА НАС:
  • Што бараше човекот од Исус?

  • Исус знаеше што навистина бара човекот. Што бараше?

ЗА БОГ:
  • Дали има цена ако го следиме Исус?  

  • Што може да биде таа цена?

  • Како може човек да биде спасен?

  • (Спореди со Лука 9:23-26 и Лука 19:1-10)

ШТО СЕГА:
  • Какво значење има ова за мене?

  • Со кого треба ова да го споделам?

bottom of page