SlediGoIsus.mk
На крстот
ПРИКАЗНИ ЗА НАДЕЖ: ДЕН 5
А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“
ЛУКА 22:66-23:25 и 23:32-43
MK2006 (Библија)
66 А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Синедрионот, 67 и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“
Но Тој им одговори: „И ако ви кажам, навистина нема да поверувате. 68 А ако ве запрашам, нема да Ми одговорите. 69 Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.“
70 И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?“
А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“
71 А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.“
Глава 23
1 И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат, 2 и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава данок на царот, и вели за Себе дека е Тој Христос и Цар.“
3 Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“
Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“
4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава вина кај Овој Човек.“
5 Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.
6 А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“ 7 И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Ерусалим.
8 Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него, 9 и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не одговори. 10 А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа. 11 Ирод, пак, со војниците свои, откако Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат. 12 Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе.
13 Пилат ги повика првосвештениците, управниците и народот, 14 па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате; 15 и Ирод исто така, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт; 16 па затоа ќе го камшикувам и ќе Го пуштам.“ 17 А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.
18 Но сиот народ повика, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“ 19 Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство. 20 Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исус. 21 Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“
22 Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го камшикувам и ќе Го пуштам.“
23 Но сите постојано настојуваа со голем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците. 24 И Пилат одлучи да го исполни нивното барање, 25 па им го пушти затвореникот кој беше во темница заради бунт и убиство, оној за кого молеа; и Исус им го предаде на нивната волја.
.....
32 Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. 33 И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево.
34 А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка.
35 А народот стоеше и гледаше; се потсмеваа заедно со народот и првосвештениците, велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Тој Христос, избраникот Божји!“ 36 Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет, 37 и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“ 38 А над Него имаше натпис, напишан на грчки, латински и еврејски: „Овој е Царот Јудејски.“
39 Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себе Самиот и нас!“
40 А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? 41 Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Тој ништо лошо не направил.“ 42 И Му рече на Исус: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“
43 А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“
ПРАШАЊА
ЗА БОГ:
-
За што беше виновен Исус?
-
Зошто луѓето сакаат да го убијат Исус?
-
За што Исус се молеше додека беша на крстот?
ЗА НАС:
-
Каква разлика имаше меѓу двата криминалци
-
Каков одговар даваше Исус до едниот криминалец?
ШТО СЕГА:
-
Какво значење има ова за мене?
-
Со кого треба ова да го споделам?