SlediGoIsus.mk
Започни долгорочно учеништво
ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 10



.png)





„Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил.“
- Павле (2 Тимотеј 3:14)
Додека читаш...
Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставув аш следниве три прашања:
-
Што можеме да научиме од текстот за Бог?
-
Што можеме да научиме од луѓето во текстот
-
Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?
2 Тимотеј 3:10-17 MK2006 (Библија)
10 Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста, 11 на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави. 12 А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети. 13 А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
14 Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил, 15 бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус. 16 Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, 17 за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.
Следните чекори...
-
Послушај: Посвети се на долгорочно учеништво користејќи го форматот 3/3.
-
Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Дела и моли се секој ден.
-
Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?