top of page

Крсти се

ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 2

1 repent and believe.png
2 be baptized.png
3 Pray.png
4 make disciples.png
5 Love (1).png
6 Worship.png
7 Lords supper.png
8 Give.png
9 Gather.png
10 Long Term Discipleship.png
Sky Outdoor Nature Inspirational Quote D

„Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“

- Исус (Матеј 28:18-20)

Додека читаш...

Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставуваш следниве три прашања:

  • Што можеме да научиме од текстот за Бог?

  • Што можеме да научиме од луѓето во текстот

  • Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?

Дела 8:26-39 MK2006 (Библија)

26 А на Филип му рече ангел Гос­по­дов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“ 27 Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинстве­ник на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение, 28 а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија.

 

29 Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“

 

30 Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“

 

31 Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него.

 

32 А местото од Писмото што го читаше, беше ова:

 

„Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. 33 Во неговата понизност Тој беше ли­шен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“

 

34 Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ 35 А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му бла­го­вес­ти за Исус.

 

36 И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ 37 (А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Син Божји.“) 38 И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и ев­ну­хот, и го крсти.

 

39 А кога излегоа од водата, Духот Свети се симна над евнухот, а Филип беше грабнат од ангел Господов, па ев­нухот веќе не го виде. Тој радосно го продолжи својот пат.

Следните чекори...

  • Послушај: Ако сѐ уште не си го послушал Исус со крштение, направи го тоа! Разговарај со твојот пастор или водачот на оваа група и крсти се.

  • Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Евангелието според Лука, и моли се секој ден.

  • Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?

bottom of page