top of page

Моли се

ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 3

1 repent and believe.png
2 be baptized.png
3 Pray.png
4 make disciples.png
5 Love (1).png
6 Worship.png
7 Lords supper.png
8 Give.png
9 Gather.png
10 Long Term Discipleship.png
Sky Outdoor Nature Inspirational Quote D

„Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­шите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но из­бави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е цар­ството, и силата, и славата во сите ве­ко­ви. Амин!)."

- Исус (Матеј 6:9-13)

Додека читаш...

Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставуваш следниве три прашања:

  • Што можеме да научиме од текстот за Бог?

  • Што можеме да научиме од луѓето во текстот

  • Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?

Матеј 6:5-15 MK2006 (Библија)

5 „И кога се молиш, не биди како ли­цемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата на­града. 6 Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затво­риш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди (јавно).

 

7 Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; 8 вие, пак, немојте да бидете како нив, зашто вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го по­молите.

 

9 Туку молете се вака:

 

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; 10 да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; 11 лебот наш насушен дај ни го денес; 12 и прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­шите должници; 13 и не воведувај нѐ во искушение, но из­бави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е цар­ството, и силата, и славата во сите ве­ко­ви. Амин!).

 

14 Бидејќи, ако им ги простите на лу­ѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. 15 Ако, пак, не им ги простите гре­во­вите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.“

Следните чекори...

  • Послушај: Посвети се на молитва секојдневно. Моли се за изгубените и за повеќе работници! (Лука 10:2).

  • Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Евангелието според Лука и моли се секој ден.

  • Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?

bottom of page