top of page

Оди… прави ученици

ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 4

1 repent and believe.png
2 be baptized.png
3 Pray.png
4 make disciples.png
5 Love (1).png
6 Worship.png
7 Lords supper.png
8 Give.png
9 Gather.png
10 Long Term Discipleship.png
Sky Outdoor Nature Inspirational Quote D

„Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“

- Исус (Матеј 28:18-20)

Додека читаш...

Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставуваш следниве три прашања:

  • Што можеме да научиме од текстот за Бог?

  • Што можеме да научиме од луѓето во текстот

  • Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?

Јован 4:4-42 MK2006 (Библија)

4 Требаше да мине преку Самарија. 5 Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јо­сиф. 6 Таму беше изворот на Јаков. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час. 7 Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пи­јам!“ 8 А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

 

9 Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Са­мар­јанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.

 

10 Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“

 

11 Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпеш, а кладенецот е дла­бок; од каде, пак, имаш жива вода? 12 Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“

 

13 Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; 14 а кој пие од водата, што ќе му ја да­дам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“

 

15 Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“

 

16 Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“

 

17 Жената одговори и Му рече: „Не­мам маж.“

 

Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж; 18 зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“

 

19 Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк! 20 Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Еру­салим е местото каде што треба да се поклонуваме.“

 

21 Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми де­ка доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот. 22 Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. 23 Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. 24 Бог е Дух и оние што Му се покло­нуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.“

 

25 Жената Му рече: „Знам дека ќе дој­де Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“

 

26 А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“

 

27 И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“ 28 А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: 29 „Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“ 30 Тогаш тие излегоа од градот и трг­наа кон Него.

 

31 Во тоа време, пак, учениците Го мо­леа, велејќи: „Рави, јади!“

 

32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“

 

33 Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“

 

34 А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. 35 Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва. 36 И жетварот веќе добива плата и со­бира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37 Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘ 38 Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

 

39 И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“ 40Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена. 41 И уште повеќе поверуваа поради словото Негово; 42 а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето ка­жување, зашто сами чувме и знаеме де­ка Тој е Спасителот на светот, Хрис­тос.“

Следните чекори...

  • Послушај: Посвети се на правење ученици со тоа што ќе се молиш за твоите oikos секој ден, ќе го споделуваш Евангелието и ќе ги обучуваш оние кои сакаат да го следат Исус.

  • Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Евангелието според Јован и моли се секој ден.

  • Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?

bottom of page