SlediGoIsus.mk
Обожавај преку истрајност
ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 6



.png)





Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!‘“
- Исус (Матеј 4:10)
Додека читаш...
Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поста вуваш следниве три прашања:
-
Што можеме да научиме од текстот за Бог?
-
Што можеме да научиме од луѓето во текстот
-
Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?
Дела 16:25-34 MK2006 (Библија)
25 На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. 26 Одеднаш настана голем потрес, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа. 27 А стражарот на затворот, кога дојде при свест и ги виде вратите на затворот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затворениците избегале. 28 Но, Павле викна со силен глас и рече: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“
29 А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила; 30 па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“
31А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ 32 И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во куќата негова. 33 Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. 34 Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога.
Следните чекори...
-
Послушај: Одлучете како вие како црква ќе го обожавате Господ заедно.
-
Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Евангелието според Матеј и моли се секој ден.
-
Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?