SlediGoIsus.mk
Господова Спомен Вечера
ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 7



.png)





И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“
И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.“
- Исус (Матеј 26:26-28)
Додека читаш...
Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставуваш следниве три прашања:
-
Што можеме да научиме од текстот за Бог?
-
Што можеме да научиме од луѓето во текстот
-
Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?
Лука 22:7-20 MK2006 (Библија)
7 Дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне; 8 па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пасха, за да јадеме!“
9 А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“
10 Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, 11 и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘ 12 И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“ 13 Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.
14 А кога дојде времето, Тој седна на трпезата заедно со апостолите. 15 И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасхална вечера со вас, пред да пострадам; 16 зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, додека не се исполни во царството Божјо.“
17 Тогаш ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу себе, 18 зашто отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде царството Божјо.“
19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“
20 Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролева за вас.“
Следните чекори...
-
Послушај: Практикувајте ја Господовата Спомен Вечера заедно со други верници.
-
Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Евангелието според Матеј и моли се секој ден.
-
Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?