SlediGoIsus.mk
Давај
ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 8



.png)





„Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец небесен. И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
- Исус (Матеј 6:1-4)
Додека читаш...
Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставув аш следниве три прашања:
-
Што можеме да научиме од текстот за Бог?
-
Што можеме да научиме од луѓето во текстот
-
Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?
Марко 12:41-44 MK2006 (Библија)
41 Па седна Исус спроти ковчежето и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу. 42 И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант.
43 А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во касата на храмот; 44 зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целиот свој имот.“
Следните чекори...
-
Послушај: Одлучи колку ти како Исусов следбеник финансиски ќе го помагаш ширењето на Евангелието, поддршката на црквата, и помошта на заедницата.
-
Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Дела и моли се секој ден.
-
Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?