SlediGoIsus.mk
Собирање
ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ: ДЕН 9



.png)





„И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, 25не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден.“
- Павле (Евреите 10:24-25)
Додека читаш...
Можеш лесно да го проучуваш Божјиот Збор додека го читаш доколку си ги поставу ваш следниве три прашања:
-
Што можеме да научиме од текстот за Бог?
-
Што можеме да научиме од луѓето во текстот
-
Дали има нешто во текстот кое Исус сака јас да го послушам?
Дела 2:36-47 MK2006 (Библија)
36 И затоа, нека знае со сигурност сиот Израелов дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
37 Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“
38 А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух. 39 Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“ 40 И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“
41 И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
42 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите. 43 И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. 44 А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко; 45 продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. 46 И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце. 47 Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.
Следните чекори...
-
Послушај: Посвети се на постанување дел од локална црква.
-
Престојувај: Читај 2-4 глави на ден од Дела и моли се секој ден.
-
Сподели: Со кого ќе ја споделиш верата оваа недела?